Владата на Литванија донесе одлука да ја затвори границата со Белорусија на период од еден месец, со цел да ја зајакне безбедноста на своите граѓани.
„Безбедноста на граѓаните е апсолутен приоритет на владата, и затоа е неопходно да се затвори границата со Белорусија, од каде што доаѓаат одредени закани“, изјави премиерката Инга Ругинене.
Одлуката следи по низа инциденти со балони кои пренесувале шверцувани цигари од Белорусија во Литванија, како и поради, како што наведува Вилнус, „неспремноста на белоруските власти да преземат мерки против ваквите активности“.
Преминувањето на границата ќе биде дозволено само за граѓани на ЕУ и НАТО, лица со привремена дозвола за престој во земјите-членки, како и за дипломати и патници во транзит.
Литванско-белоруската граница е долга околу 680 километри.
