Сабаленка против Кирјос во „Битка на половите“

Сабаленка

Светскиот рекет број 1, Арина Сабаленка (Белорусија), објави дека ќе игра егзибициски натпревар против Ник Кирјос (Австралија).

– Се случува. Сабаленка против Кирјос. „Битка на половите“, напиша белоруската тенисерка на социјалните мрежи.

Мечот ќе се одржи во Дубаи на 28 декември 2025 година.

Сабаленка: Решив да се борам до крај без оглед на резултатот

Листа на најплатени ѕвезди во тенис за 2025 година

Триесетгодишниот Кирјос моментално е рангиран на 652. место на АТП ранг-листата. Во својот последен натпревар во поединечна конкуренција, тој загуби од Русинот Карен Качанов на Мајами Опен на 21 март. 

Зачлени се на нашиот е-билтен