Полицијата во изминатото деноноќие уапси 12 возачи на различни локации низ државата поради сомнение за кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти МВР.
Десетмина од нив управувале возила без положен возачки испит. Станува збор за четворица скопјани на возраст од 20 до 28 години, 22-годишник од Морани, 20-годишник од Радишани, 59-годишник од Ресава, кавадаречко, 35-годишник од Слупчане, како и двајца 18-годишници од Прилеп и од селото Тополчани.
Со активна забрана за управување возило биле затекнати Д.Ќ. (47) од Велес и М.Б. (30) од Крушево.
Од МВР најавија дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Министерството апелираше да се почитуваат сообраќајните правила и да не се вози без положен возачки испит, со активна забрана за управување или под дејство на алкохол.
