140 денари за оброк, студентите ќе бараат правда на суд

Група студенти најавуваат тужба до Управниот суд и претставка до Народниот правобранител поради неусогласувањето на субвенционираниот студентски оброк со инфлацијата. Според Левица, студентите бараат и надомест на финансиската штета што сметаат дека ја претрпеле поради непочитување на законските одредби.

На денешната прес-конференција, Марија Ванчева од Црвена младина соопшти дека студентите претходно поднеле приговор до Министерството за образование и наука, но наместо формална одлука по нивното барање, добиле одговор што го оценуваат како паушален.

Од Левица обвинуваат дека МОН продолжува да исплаќа по 140 денари дневно, иако законските измени од 2023 година предвидуваат усогласување на износот со инфлацијата.

Студентските организации претходно побараа субвенцијата да се зголеми на 200 денари, додека министерката Весна Јаневска изјави дека според пресметките за инфлацијата зголемувањето би изнесувало седум денари, односно оброкот би достигнал 147 денари.

Најавата за судска постапка доаѓа во период на зголемени поплаки за студентскиот стандард. Неодамнешна анализа на платформата „Студентарија“ укажа на проблеми со исплатата на стипендиите, прекинувањето на правото на студентски оброк и условите во студентските домови.

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?