Apple објави нов додаток во соработка со јапонскиот моден бренд Issey Miyake, ексклузивен „iPhone Pocket“, инспириран од концептот „едно парче ткаенина“.
Направен во Јапонија, овој моден додаток користи 3D ткаена структура и препознатливи текстури на брендот Issey Miyake, што овозможува да се смести било кој модел на iPhone или мали предмети што корисникот нормално би ги носел во џеб.
За време на развојот на производот, Apple Design Studio тесно соработуваше со тимот на Issey Miyake, давајќи предлози во сите фази од дизајнот и производството.
Концептот за дизајн е претставен како идеја за „создавање дополнителен џеб“, каде што еластичната структура дискретно се обвиткува околу уредот и кога ткаенината е растегната, овозможува малку да се видат контурите на екранот на iPhone.

iPhone Pocket – минималистички луксуз за љубителите на Apple
iPhone Pocket може да се носи во рака, да се закачи од чанта или да се носи директно на телото. Верзијата со кратки ремени е достапна во осум бои: лимон жолта, портокалова, виолетова, розова, тиркизна, кралско сина, циметно кафеава и црна.
Варијантата со долги ремени е достапна во три бои: кралско сина, циметно кафеава и црна. Цената на верзијата со кратки ремени е 149,95 американски долари, додека подолгата верзија чини 229,95 американски долари.
Новото модно парче, на интернет предизвика лавина од коментари: некои иронично истакнаа иронично зарем „200-300 долари за парче ткаенина“, додека обожавателите на брендот истакнуваа дека дизајнот е задолжителен колекционерски предмет и симбол на соработката помеѓу Apple и Issey Miyake.

