Пред српскиот парламент е инсталиран дизел генератор од 458 kW со потрошувачка од 87 l/h, во вредност од 30.000 евра, кој троши околу 3.500 евра гориво дневно и може да загрее околу 45 шатори. Тоа значи 35.000 евра за 10 дена – цената на нов ултразвук – или 350.000 евра за 100 дена, или еден компјутерски томограф, реагираат денеска од Академскиот пленум на Србија.
Од Акедемскиот пленум велат дека оградениот периметар со шатори, сценографијата на „секојдневниот живот“ и масивната логистика опасно потсетува на практиките што светот одамна ги осудува – од колонијални изложби до изложби на „живи експонати“ како Експо 1958 во Брисел. Се прашуваме дали ова не е оживување на човечка зоолошка градина пред Експо 2027 во Белград?“
Активистите на пленумот им порачуваат на Студентите 2.0 во Чациленд:
„Ако ви е студено во вашите шатори – вратете се на вашите факултети. Ќе заштедите пари за сите граѓани на Србија. Не се согласувајте да бидете „живи експонати“ на овој режим.“
„На студентите им е местото во амфитеатрите, лабораториите и библиотеките – а не во оградените сценографии пред парламентот“, се вели во соопштението на Академскиот пленум, во кое се наведени и следните барања:
- Отстранување на Чациленд од центарот на Белград.
- Распишување на предвремени парламентарни избори.

