По повод Светскиот ден на детето, на 20 ноември во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ ќе се одржи промоцијата на едицијата „Големи зборови за мали уши“ од издавачката куќа „Арс Ламина“. Промотор на настанот ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска, а присутните ќе имаат можност да ги слушнат и авторите на новите сликовници.
По минатогодишното претставување на првата книга „Градоначалник“ од Илина Мангова, илустрирана од Александар Сотировски, годинава излегоа уште шест нови наслови. Станува збор за сликовниците „Идентитет“ од Калина Малеска (илустрации: Рената Јосифовска), „Непотизам“ од Иван Дричко (илустрации: Здравко Гиров), „Предрасуди“ од Владимир Мартиновски (илустрации: Јована Ристоска), „Традиција“ од Елизабета Баковска (илустрации: Александра Филипоска), „Дипломатија“ од Горица Атанасова-Ѓоревска (илустрации: Здравко Гиров) и „Екологија“ од Фросина Пармаковска (илустрации: Александар Сотировски).
Едицијата, објавена под брендот „Либи“, има за цел да им ги приближи на децата тешките и често збунувачки зборови на разбирлив и едноставен начин. Преку кратки приказни од секојдневието, најмладите учат како да ги разберат „големите“ поими и да се подготват за светот што ги очекува
Извор:Независен

