Министерката Божиновска за 16 месеци била на 22 службени патувања во странство

Божиновска

Редакцијата на Рацин.мк испрати мејл до Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, со кое побаравме информации за бројот на службените патувања на министерката Сања за периодот од нејзиното назначување за член на Владата и на чело на ресорот до 31 октомври оваа година.

Побаравме одговор и за тоа во кои земји и на кои настани биле организирани тие патувања; Колку дена траело секое патување и за кои од нив трошоците биле на товар на министерството, односно на владините служби, а за кои од нив трошоците биле покриени од домаќините на настаните, ако имало такви.

Од службата за информирање на министерството ги добивме одговорите. Статистичкиот заклучок е дека министерката Божиновска за 16 месеци била на 22 службени патувања, со што, како што оценуваат од таму, „Македонија денес има активна и видлива енергетска дипломатија“.

За да нема било какви недоразбирања, одговорите од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ви ги пренесуваме во целост и во нив се вели:

Во периодот од преземањето на функцијата до 31 октомври 2025 година, министерката Сања Божиновска реализираше службени патувања исклучиво во функција на зајакнување на регионалната и европската енергетска соработка, интеграцијата на Македонија во европските енергетски политики и напредокот на националните енергетски стратешки приоритети.

Она што е важно да се потенцира е следново:

1. Македонија денес има активна и видлива енергетска дипломатија

Пред формирањето на Министерството за енергетика, државата речиси и да немаше систематско учество во клучни европски и глобални состаноци каде се креира енергетската политика на континентот.

Со воспоставувањето на Министерството и со новата динамика на работа, Македонија повторно е поставена на европската енергетска мапа – како земја која активно учествува, предлага, преговара и гради партнерства.

Присуството на министерката Божиновска на високи формати како Берлинскиот процес, министерските совети на Енергетската заедница, CESEC, меѓународните форуми за зелена транзиција, безбедност на снабдување и интеграција на пазарите, за првпат ѝ обезбедува на Македонија сериозна улога во европската енергетска архитектура.

2. Целосна транспарентност на сите патувања

Сите службени активности на министерката се целосно објавени и достапни на јавноста, преку:

  • официјалната веб-страница на Министерството, во секцијата „Активности“ и „Соопштенија“,
  • редовните прессоопштенија доставувани до сите медиуми,
  • финансиската документација која е дел од годишната завршна сметка, согласно законските обврски.

3. Трошоците за патувањата

Трошоците за службените патувања кои се на товар на Министерството се евидентирани во финансиската документација / годишната завршна сметка.

Во дел од случаите, трошоците за учество на меѓународни конференции и форуми беа покриени од организаторите, во рамки на нивните програми за официјални гости. Бидејќи станува збор за деловни аранжмани на трети страни, информации можете да добиете од нивна страна.

4. Листа на службени патувања (до 31 октомври 2025)

Подолу ги доставуваме информациите кои се веќе јавно достапни преку соопштенијата на Министерството.

Божиновска на SEEF 2024 – Енергетски форум на Југоисточна Европа – 06.09.2024 – регионален форум

2024

  1. SEEF 2024 – Енергетски форум на Југоисточна Европа – 06.09.2024 – регионален форум – панелист
  2. Вашингтон, САД – средби и конференција за енергетска безбедност – 10.09.2024 . 9-то издание на годишната конференција за енергетска безбедност на Централна и Источна Европа во Вашингтон
  3. „Неделата на одржлива енергија“ – УНЕЦЕ, Женева – 18.09.2024
  4. Виенски економски форум – Виена – 04.11.2024“Виенски дијалог за иднината 2024 во Виена, Австрија
  5. Заедничка меѓувладина седница – Приштина – 18.11.2024
  6. COP29 – Баку – 15.11.2024 Дел од високата државна делегација предводена од претседателката Гордана Силјановска Давкова, учествува на COP29 – 29. Конференција на Обединетите нации за климатски промени во Баку, Азербејџан. Говорник на Панел-дискусија „Патот кон нула-енергетски згради во поширокиот Балкански регион“
  7. 22-ри Министерски совет на Енергетската заедница – Виена – 2024
Енергетски самит – Атина – 05.02.2025 говорник на панелот со наслов „Енергетската голема игра – Геополитика и глобалниот енергетски пазар“.

2025

  1. Енергетски самит – Атина – 05.02.2025 говорник на панелот со наслов „Енергетската голема игра – Геополитика и глобалниот енергетски пазар“.
  2. Меѓувладина седница – Будимпешта – 05.03.2025
  3. Економски комитет – Прага – 11.03.2025 + Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, заедно со претставници од Министерството, делегација од ЕСМ и македонски новинарски екипи, оствари посета на термоелектраната Тушимице во Чешка.
  4. Официјалната посета на Азербејџан, дел од македонската делегација предводена од претседателката Силјановска Давкова / Официјални средби – Баку, Азербејџан 14/03/2025
  5. Како амбасадорка на WOBA за Македонија, Божиновска учествуваше на работен состанок со останатите амбасадорки од регионот,
  1. Adria Summit – 09/04/2025 панел „Energy Auctions as Catalysts for Renewable Energy Deployment in the Western Balkans, организиран од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР),
  2. Балкански енергетски самит – Атина – 28.04.2025
  3. Европски парламент – Брисел – Форум за пазарна интеграција – 21.05.2025 Taking Implicit Electricity Market Coupling Beyond EU Borders
  4. 2025Астана Интернационалниот Форум (AIF 2025).Астана –30.05.25 – Божиновска учествуваше на главните сесии на форумот, посветени на енергетиката, климатските промени и одржливиот развој. Обраќање на пленарна сесија со наслов „THE RESOURCE RACE: WHO CONTROLS THE GREEN FUTURE“.
  1. Бизнис форум Италија – 02/07/2025 Бизнис форумот „Италија – Северна Македонија“, кој е насочен кон продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји, со фокус на инвестиции во инфраструктурата и енергетиката.
  2. 20 години Енергетска заедница – Атина 17.07.2025
  3. erlin Global Dialogue – Берлин 24.10.2025
  4. Состанок на министри за економија од Берлинскиот процес – Лондон – 16.10.2025
  5. CESEC министерски состанок – 27.10.2025 Министерски состанок за интеграција на пазарите на гас и електрична енергија  на регионалната иницијатива за енергетска поврзаност на Централна и Југоисточна Европа (CESEC)
  6. P-TEC Форум – Атина – 06.11.2025 (надвор од бараниот датум, но наведено за контекст)

5. Зошто овие патувања се значајни – стратешка вредност за државата

Секоја од овие посети беше концентрирана на:

  • обезбедување нови енергетски партнерства,
  • интеграција на Македонија во европскиот пазар на електрична енергија,
  • унапредување на гасните интерконекции,
  • привлекување инвестиции во обновливи извори,
  • позиционирање на земјата во новата геополитика на енергијата и критичните минерали.

Ова е прв пат Македонија паралелно да учествува на сите клучни европски енергетски формати, што ја прави земјата релевантен и доверлив партнер во регионалната и европската енергетска архитектура, оценуваат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Зачлени се на нашиот е-билтен