Денеска во 18:45 часот, ракометниот клуб Вардар 1961 во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје ќе го одигра последниот натпревар во групната фаза во Европската лига на ЕХФ, а противник е францускиот клуб Тулуз.
Вардар 1961 веќе обезбеди пласман во ТОП 16 фазата, додека францускиот тим Тулуз е елиминиран од понатамошното натпреварување, па оттаму овој меч и нема да има некое големо значење.
Сепак, и покрај обезбедениот пласман, Вардар 1961 има за цел преку победа да го потврди првото место во групата Ф.
Ракометарите на Вардар очекуваат полна сала и силна поддршка од нивната навивачка група.

