На Денот на македонската револуционерна борба, Владата го одбележува празникот под мотото „Свои на своето“, но зборот „македонска“ изостанува од владината објава по повод празникот.
Пропуст или свесен избор? И зошто е изоставен токму зборот што го означува македонскиот историски и национален идентитет?
Иронијата е што ВМРО-ДПМНЕ жестоко се противеше на Преспанскиот договор, а денес, од позиција на власт, ја изоставува идентитетската одредница „македонска“, чија употреба е зачувана токму со тој договор. Така, партијата што тврдеше дека со Преспа се загрозува македонскиот идентитет, денес самата ја изоставува одредницата што договорот ја заштити.
