На 08.12.2025 година во 00:30 часот, кај месноста „Млин”, на магистралниот пат Кичево- Охрид, од страна на полициски службеници од СВР Охрид лишен од слобода е Т.С.(41) од Кичево.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „форд” со кичевски регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршено алкотестирање кај него утврдиле 1,56 промили алкохол во крвта.
Истиот, веднаш бил исклучен од сообраќај и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобзирно управување со моторно возило”, информираат од МВР.

