Чаби Алонсо под притисок: Реал Мадрид му постави услов за да не биде отпуштен

Шпанските медиуми пишуваат дека Алонсо ќе биде отпуштен доколку Реал Мадрид загуби од Манчестер Сити во Лигата на шампионите

Иднината на главниот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, е под сериозен знак прашалник, пишуваат шпанските весници. Мадридскиот клуб наводно му поставил услов на Алонсо со кој ќе може да си ја задржи работата на кормилото.

Според „Ел Мундо“, судбината на Чаби Алонсо ќе биде решена по натпреварот од Лигата на шампионите против Манчестер Сити. Доколку Реал Мадрид загуби, шпанскиот тренер сигурно ќе биде отпуштен. Одлуката ја донел управниот одбор на итен состанок одржан денеска.

За потсетување, Реал Мадрид победи само на еден од последните пет натпревари во Ла Лига, со што падна на второто место на табелата. Натпреварот против Манчестер Сити ќе се одигра во среда како дел од шестото коло од Лигата на шампионите.

Зачлени се на нашиот е-билтен