Повторна блокада на Евзони: Сообраќајот од 17 часот целосно запрен поради штрајкот во Грција

Сообраќајниот режим на граничниот премин Богородица – Евзони од 17 часот повторно е целосно прекинат, информираат од Автомотосојузот на Македонија.

Прекинот е резултат на продолжениот штрајк на земјоделците во Грција, кој веќе неколку дена предизвикува повремени блокади и значителни застои во движењето на возилата.

Според претходните податоци на АМСМ, преминот Евзони денеска првично беше затворен во 11 часот, повторно пуштен во сообраќај околу 15 часот, но од 17 часот границата е повторно блокирана.

Надлежните апелираат возачите да патуваат со зголемено внимание и да ги следат официјалните информации за состојбата на граничните премини.

Зачлени се на нашиот е-билтен