Првите видеа од земјотресот од 7,6 степени кој ја погоди Јапонија

Најмалку 2.700 домаќинства останале без електрична енергија во префектурата Аомори, каде избувнаа два пожари. 

Во силен земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала, кои се случи денеска блиску до крајбрежјето на североисточниот дел на Јапонија, повредени се три лица, една во Аомори, кога дошло до рушење на патот и две лица во Хокаиди откако паднале при бегање. 

Најмалку 2.700 домаќинства останале без електрична енергија во префектурата Аомори, каде избувнаа два пожари. 

По првиот силен земјотрес, имаше афретшокови, од кои два беа посилни – 5,6 степени и 4,7 степени.

 

Издадени се официјално предупредување за цунами, со предупредување дека се можни бранови до три метри. 

Првото цунами беше забележано во префектурата Ивата со висина од 70 сантиметри, а претходно во Хокаиди е приметено цунами во висина од пола метар. Метеоролошката служба на Јапонија предупреди дека поголемо цунами може да пристигне до североисточното крајбрежје. 

Зачлени се на нашиот е-билтен