Мицкоски и Тошковски нема да ги слушнат родителите на децата од трагедијата во Кочани, не доаѓаат на Анкетната комисија

Родителите доаѓаат да го кажат тоа што државата со месеци одбива да го слушне, велат од Левица

Утре на пладне стартува седницата на постојаната анкетна комисија во рамките на законодавниот дом на која ќе се расправа за трагедијата во кочанската дискотека а на која поканети се и членови на семејствата, но и претседателката на државата  Гордана Сиљановска Дафкова, премиерот Христијан Мицкоски  и министерот Панче Тошковски.

Од Левица наведуваа дека очекуваат сите поканети да се одважат и да дојдат.

„Апелираме утре да не се повтори уште еден институционален срам. Седницата мора да се одржи без одлагање празни изговори и политички калкулации. Родителите доаѓаат да го кажат тоа што државата со месеци одбива да го слушне. Од власта и државниот врв се очекува најмалку да се појават и да ги погледнат во очи луѓето кои бараат правда одговорност и промена. Секое негово бегање и саботирање би било уште една навреда за семејствата но и народот како и уште еден чекор кон одржување на системот кој дозволува да се повторуваат трагедиите . 

Од кабинетот на претседателката се уште немаат став дали ќе се појави на анкетната комисија, од ВМРО ДПМНЕ пак за ТВ 24 посочија дека премиерот нема да присуствува а од МВР информираа дека поради службено патување министерот Панче Тошковски ќе биде спречен да дојде .

„Министерот Панче Тошковски ќе биде спречен да присуствува поради службено патување во Брисел кое му е договорено многу порано уште пред да биде познат терминот за анкетната комисија“, објави медиумот. 

Дел од пратениците од парламентарното мнозинство пак посочија дека ќе направат напори да се појават на комисијата иако ќе биде малку комплицирано поради тоа што во истиот период ќе биде и расправата за буџетот. Од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ посочија дека утре пред анкетната ќе имаат координација и ќе донесат одлука. СДСМ и останатите опозициски партии го најавија своето присуство

Разговорите и консултациите кои ТВ 24 ги имаше со дел од семејствата на загинатите но и нивните адвокати укажуваат на тоа дека поголем дел и од нив нема да можат да се појават поради датумот кој е премногу блиску со рочиштето но и неможноста постојано да отсуствуваат од работните обврски  но и поради тоа што борбата се води на повеќе фронтови истовремено а фокусот им е  ОЈО ГОК  но и самата разврска и текот на рочиштата  . 

 Во меѓувреме се очекува и формирањето на анкетната која ја предложи парламентарното мнозинство а која покрај Кочани ќе ги опфати и  другите несреќи како модуларната во Тетово, Ласкарци, Беса транс Дурмо Турс . Претседател на оваа анкетна ќе биде од редовите на опозицијата . 

Зачлени се на нашиот е-билтен