Како што најавуваме сите овие денови, власта на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се обидува да дефокусира, да одвлекува внимание од главната тема, договорот за прием на мигранти, но и од бројните криминални скандали за крадење на парите на граѓаните, велат од СДСМ во најновото соопштение за јавност.
,,Тоа е начинот на којшто криминалната ВМРО-ДПМНЕ, или позната по копи-пејст партијата ги копира сценаријата на Вучиќ во Србија.
Тоа денеска на сите им е кристално јасно.
Еве уште една изјава како пример. Денеска Мицкоски вели дека „Ако се пронајде еден мигрант од Британија дека трајно ќе ја напушти политиката.
Исто како што за Агенцијата за обезбедување од „Пулс” во Кочани кога изјавуваше Мицкоски: „Не е точно дека било која агенција за обезбедување има врска со ВМРО-ДПМНЕ – дајте ми доказ и утре ќе поднесам оставка!” велат од СДСМ.
Поврзаноста со Агенцијата за обезбедување на Пулс и Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ се потврди ама оставка од Мицкоски немаше.
Така, додаваат оттаму, исто правеше и Вучиќ за настрешницата во Нови Сад. Прво рече дека не е реконструирана, а веќе наредниот ден рече дека и настрешницата е реновирана.
Од СДСМ се осврнаа и на кривичната пријава за Оливер Спасовски.
,,Сега со кривична пријави против Спасовски, веднаш после прес конференцијата на претседателот Филипче власта преземе уште еден чекор.
На кого?
На нашиот пратеник и координатор на пратеничката група на СДСМ во Собранието каде што ќе биде поднесена Резолуцијата за мигрантите.
Ова е класичен обид политички прогон за дефокусирање на темата од мигрантите и скандалите на власта.
Сè ќе им пукне како меур од сапуница, граѓаните гледаат и знаат сè.
Прашањето е едноставно, ќе ја потпишете Резолуцијата за мигрантите или не?
А утре нова бомба. Работата не е завршена!” велат од СДСМ.