[Видео] Украина погодила руски танкер во Медитеранот

Украина за прв пат изврши напад врз руски танкер во Средоземното Море, изјави за Ројтерс извор од украинската разузнавачка служба.

Според изворот, украинските беспилотни летала го погодиле танкерот „Кендил“, кој е дел од таканаречената руска „флота во сенка“ – група застарени танкери што Москва ги користи за одржување на извозот на сурова нафта и покрај западните санкции.

Во меѓувреме се појави и снимка од нападот врз танкерот.

Нападот се случил во водите оддалечени повеќе од 2.000 километри од Украина, а танкерот, според изворот, претрпел критична штета. Бродот бил празен во времето на нападот.

До овој момент нема никаква реакција од страна на Русија.

Зачлени се на нашиот е-билтен