Сообраќајна несреќа во Ораовица: возач повреден, управувал под дејство на алкохол

Во селото Ораовица, радовишко, синоќа се случила сообраќајна незгода во која е повреден еден возач, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според пријавата до ОВР Радовиш, на 21 декември околу 21:30 часот, патничко возило „опел корса“ без регистарски ознаки, управувано од И.В. (46) од Ораовица, удрило во паркирано возило „форд фокус“ со радовишки регистарски таблички, сопственост на Ц.Л., исто така од истото село.

Во незгодата, возачот на „опел корсата“ се здобил со телесни повреди, кои биле констатирани во Здравствениот дом во Радовиш.

За случајот бил известен јавен обвинител, а при преземање на понатамошни мерки било утврдено дека возачот го управувал возилото под дејство на алкохол, со измерени 2,21 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настанот, против И.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Зачлени се на нашиот е-билтен