Брижит Бардо заработила помеѓу 65 и 100 милиони долари, преку нејзината филмска кариера, манекенство и значајни инвестиции во недвижности.
Во шеесеттите години, таа беше една од најплатените актерки во светот, за нејзината улога во филмот „Вива Марија!“, заработи 350.000 милиони долари. Се смета дека нејзината автобиографија, „Иницијали Б.Б.“, објавена во 1996 година, донесе 4 милиони долари. Таа, исто така, ја остави зад себе својата позната куќа во Сен Тропе, Ла Мадраг.
Брижит Бардо, која почина на 91-годишна возраст, никогаш не го одвои својот приватен живот од активизмот, кој вклучуваше и борба за правата на животните.

Таа долго време ја изразуваше својата желба нејзините поседи да служат за повисока цел. „Ја дадов мојата младост и убавина на мажите, а сега ја давам мојата мудрост и искуство на животните“, рече актерката која се пензионираше од светот на филмот во 1973 година.
Кога дојде време да го напише својот тестамент, таа одлучи да го остави поголемиот дел од својот имот на Фондацијата Брижит Бардо, организација што ја основа „во 1986 година во Ла Мадраг, со адвокат од Сен Тропе и пријател“. Од нејзината селска куќа, авторските права од продажбата на книги, вилата во Сен Тропе, таа речиси сè му остави на ова здружение.
Брижит Бардо зад себе го остави својот единствен син, а нивната врска беше турбулентна. Сепак, многумина се изненадени од фактот дека наследството не му припадна.
Дури и кога беше бремена, таа велеше дека нејзиниот син е како тумор што ја јаде одвнатре. Се плашеше дека бременоста ќе ја загрози нејзината кариера, па го остави синот со неговиот татко.