Рекордна невработеност меѓу високообразованите во Германија

Берлин

Невработеноста меѓу граѓаните со високо образование во Германија достигна рекордно ниво, при што ударот е најсилен кај младите до 30 години, покажуваат најновите податоци на германската Сојузна агенција за вработување. Ваквиот негативен тренд е последица на забавената економија и се пошироката примена на вештачката интелигенција на работните места.

Во август без работа биле 372 илјади високообразовани лица, со што растот на невработеноста во оваа категорија продолжува петта година по ред. Најголем дел од лицата без ангажман се млади дипломци кои штотуку излегуваат од образовниот систем и се обидуваат да влезат на пазарот на труд.

Универзитетската диплома се уште носи одредена предност. Стапката на невработеност кај високообразованите изнесува 3,3 проценти, што е речиси двојно помалку од општиот просек на земјата. Кај лицата со средно стручно образование стапката изнесува 3,6 проценти, додека кај оние без формални стручни квалификации надминува 21 процент.

Податоците покажуваат големи разлики во зависност од областа на студиите. Кај наставничките насоки невработеноста е под два проценти, кај инженерите изнесува 3,8 проценти, додека кај дипломираните кадри од хуманистичките науки достигнува 4,6 проценти.

Иако германската агенција проценува дека вештачката интелигенција нема целосно да ги згасне постојните професии, нејзиниот ефект врз почетните позиции веќе се чувствува. Германскиот индустриски гигант Сименс неодамна предупреди дека автоматизацијата директно ги загрозува приправничките и практикантските места, со што младите работници губат простор за стекнување основни практични вештини.

Директорката за човечки ресурси и одржливост во Сименс, Џудит Визе, посочи дека вештачката интелигенција сè почесто презема задачи како што е пишувањето код, поради што програмерите и младите експерти мора да развијат критичко размислување за да ги препознаат грешките што алгоритмите неизбежно ги прават. Таа порача дека компаниите мора да им овозможат на почетниците самостојно извршување на работните задачи за да не ја изгубат основата за професионален развој.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?