Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

(ИЗБОР) Албански медиуми: САД ги казнија Косовските безбедносни сили; србите продолжуваат со протести; КФОР останува на линијата на фронтот

На северот на Косово продолжуваат протестите на косовските Срби, за изборот на новите градоначалници, а САД ги казнија Косовските безбедносни сили со нивно исклучување од вежбата “„Defender Europe 2023 “, пишуваат косовските медиуми.

Да потсетиме:  Општините на северот на Косово останаа без градоначалници од ноември минатата година, кога српските претставници во таа област поднесоа оставки од своите работни места, поради одлуката на косовската Влада која бараше замена на српските автомобилски таблички со косовски. Вонредните избори се одржаа на 23 април 2023, а водечката партија на косовските Срби „Српска листа“ – ги бојкотираше изборите. Ден по изборите, Американската амбасада во Приштина оцени дека  изборите во четирите северни општини, се одржале во согласност со уставните и законските одредби на Косово.

Во продолжение е редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од денешните теми во албанските медиуми во регионот, со посебен фокус на актуелната криза во Косово.

САД со санкции: Косовските Безбедносни сили казнети, нема посети на САД за државниот врев

Приштина беше домаќин на воената вежба предводена директно од Соединетите Американски Држави, пред две недели.

Меѓутоа, за Косово е откажана вежбата на светско ниво „Defender Europe 2023 “, каде што се очекуваше да учествуваат повеќе од 1300 војници на Косовските безбедносни сили, заедно со трупите на НАТО.

Америка оваа одлука ја донесе како прва санкција против Косово, по петочните акции, кога тројцата градоначалници на северните општини насилно влегоа во општинските канцеларии.

За операцијата тој ден, Ховениер рече дека немало координација со САД.

Сметаме дека власта не треба да инсистира градоначалниците да работат од општинските згради. Владата можеше да најде други локации за нивната заклетва. Не можеме да разбереме зошто не можат да користат исти јавни или алтернативни локации за извршување на нивните функции, а тоа се административни функции. Сметаме и дека присуството на косовската полиција, кое беше направено насилно, е исклучително предизвикувачко и побаравме од владата да ги повлече полициските сили од трите згради“, изјави амбасадорот на САД во Приштина, Џефри Ховениер, пренесе Клан Косова.

Српската листа бара Србите да не го напаѓаат КФОР

„Српската листа побара од Србите на северот на Косово да не ги напаѓаат силите на КФОР.

„Српска Листа“ преку коминике соопшти дека отишле кај претставниците на КФОР кои се стационирани околу објектот Звечан, бидејќи постои сомневање за експлозивна направа.“, пренесе Газета Експрес.

Визион Плус: Србите повторно се собраа на протести на северот на Косово

„Во северните општини од земјава каде Србите веќе неколку дена протестираат против присуството на косовската полиција и албанските градоначалници на овие општини, ноќта помина мирно.

Припадниците на КФОР и на косовската полиција кои се грижат за одржување на редот и понатаму остануваат во близина и внатре во зградите на овие општини.

За разлика од претходните денови, во текот на изминатата ноќ во општина Зубин Поток, припадниците на косовската полиција кои три дена по ред останаа на линијата на фронтот пред демонстрантите, се сменети со војници на КФОР, додека полицијата се внатре во општинскиот објект

Србите за денеска најавија помасовни протести во овие општини.“, пренесе Визион Плус.

Репортери – Сервер: За ситуацијата на северот, САД 100% ја поддржуваат Србија

Американскиот професор Даниел Сервер, запознаен со политичките случувања на Балканот, изјави дека ја разбира желбата на премиерот Албин Курти да врши законски овластувања низ Косово.

„Тоа всушност го договори Србија со бриселскиот договор од 2013 година“, вели Сервер во интервју за РТК, додавајќи дека е јасно дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, не соработува и напротив, создал ситуација кога Косово е напуштено од неговиот најмоќен сојузник, САД.

„Не се согласувам со Американците за тоа што го прават, но мора да бидеме реални дека на Косово му треба прифаќање на ЕУ и САД за сите дејствија што ќе ги преземе во иднина“, рече професорот Сервер, пренесува Репортери.

Коха: Дали е ова последниот обид на Вучиќ да го подели Косово?

„Ништо не е сменето од 2018 година во пристапот на режимот на Вучиќ кон Косово. Она што моментално се случува на северот на Косово, потекнува од неколкугодишниот српски проект за поделба на Косово. Со секој камен и граната, српските банди упатени од Белград ги тестираат и косовските власти и меѓународните колку се подготвени да го гарантираат територијалниот интегритет на Косово. И функционирањето на институциите. Судбината на Србите кои живеат преку мостот Ибри на Косово не е главен приоритет на Вучиќ – негов приоритет е територијалната поделба на Косово како почетна точка за уништување на другите држави во регионот (Босна и Херцеговина и Црна Гора).“, пишува авторот Енвер Робели во колумната „Дали е ова последниот обид на Вучиќ да го подели Косово?“, објавена во косовскиот дневник Коха.

Сури: Косово е загрозено и од албанските „претставници“ на Белград во Приштина и Тирана‼

„Косово денес не е загрозено само од жедта на Вучиќ за албанска крв, туку и од албанските „мирољубиви“ кои се албански членови на српскиот политички „огранок“ чиј главен град е Белград, а не Приштина и Тирана, оние кои не одговараат на логичното прашање: како да постапи премиерот на Косово ако Белград сака војна?

Така и Косово е загрозено од оние кои со своето однесување прават непростлив грев, но од кој имаат голема корист: го поистоветуваат премиерот на својата земја со српските криминалци. И се преправаат дека не знаат дека Србија го нападна Косово бидејќи го спречува да го контролира северот.“, пишува авторот Ким Мехмети во колумната „Косово е загрозено и од албанските „претставници“ на Белград во Приштина и Тирана‼“, објавено во косовскиот дневник Сури.

Д. Тахири (ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново