Грција со 420 милиони евра ќе го модернизира железничкиот транспорт

Грција
By NikolasSkevis1 – Own work, CC BY-SA 4.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=143869593

Грчките железници влегуваат во нова фаза на развој со воведувањето на нови возови до 2027 година и со ревизијата на договорот меѓу грчката држава и „Хеленик Трејн“. Договорот, потпишан по месеци преговори, содржи специфични безбедносни клаузули, финансиски обврски и обврзувачки распореди, објави „Катимерини“.

Иако договорот за јавна услуга за железничкиот оператор, во сопственост на италијанска компанија, во моментов не вклучува детални рокови за спроведување на услугите и инвестициите, тој предвидува инвестиции од 420 милиони евра.

Од оваа сума, 308 милиони евра се наменети за трошоците на „Хеленик Трејн“ за купување на 23 возови од „Алстом“.

Најчитано