Екипата на Си-Ен-Ен била сведок на неколку експлозии утрово во Каракас и објави дека некои делови од градот останале без струја.
Првата експлозија е регистрирана околу 1:50 часот по локално време (6:50 часот по македонско време). „Една беше толку силна што мојот прозорец се тресеше по неа“, изјави дописникот на CNN, Осмари Хернандез.
Неколку делови од градот останаа без струја, а новинарите на CNN во главниот град на Венецуела велат дека можеле да го слушнат звукот на авиони по експлозиите.
Сеуште нема реакција од Белата куќа
Американскиот претседател Доналд Трамп постојано предупредува дека САД се подготвуваат да преземат нови мерки против наводните мрежи за трговија со дрога во Венецуела.
Во октомври, Трамп изјави дека ја овластил ЦИА да работи во Венецуела за да се справи со нелегалните приливи на мигранти и дрога од јужноамериканската нација. Си-Ен-Ен контактираше со Белата куќа за коментар.