На денешниот брифинг со новинарите на претседателот на СДСМ Венко Филипче на која се разговараше за предлогот на власта да се укине техничката влада, Филипче потсети што значи злоуптреба на полицијата и за време на локалните избори со присуство на началници на директни средби со граѓаните во изборниот процес, што е кршење на законот за полиција.
Во ситуација на партизирана полиција само со учество на опозицијата во техничката влада, може да гарантира фер и демократски избори.
„Сејф систи со 65000 камери овозможува дигитален надзор на движењето на граѓаните и тоа станува прашање за опстанок на демократијата. Технички министер од опозицијата е гараннција дека овој систем нема да се злоупотреби за следење на движењето на опозицијата и нејзините активности“, предупреди Филипче.
Тој укажа дека системот „Сејф сити“ не е целосно законски регулиран и не се знае како и на кој начин ќе се користат податоците што се прибираат и тоа е потенцијал за злоупотреба на системот.
Затоа, нагласи Филипче, средба за техничка влада со криминалци нема да има, затоа што таа е последната линиија за одбрана од целосно заробување и злоупотребата на слободната волја на граѓаните за време на изборниот процес.