СДСМ: Техничката влада мора да остане, нема подавање рака на криминалци

Техничката влада е институционално вето, контролен механизам против воспоставување авторитарен режим и единствена шанса за чесни, фер и демократски избори“, велат од СДСМ.

Социјалдемократскиот сојуз реагира на предлогот на премиерот Христијан Мицкоски да се укине техничката влада. Од таму велат дека техничката влаа мора да остане затоа што таа е последната линија на одбрана од целосна злоупотреба на најважното – слободната волја на граѓаните за време на изборниот процес.

„Власта не ја сака техничката влада затоа што со влез на министер од опозицијата се отвора увид во сите злоупотреби и во целиот коруптивен систем – за нив тоа значи отворање на Пандорината кутија. Техничката влада е институционално вето, контролен механизам против воспоставување авторитарен режим и единствена шанса за чесни, фер и демократски избори“, велат од СДСМ.

Според нив, Мицкоси и ДПМНЕ не сакаат дијалог затоа што им треба алиби, покритие за нивното сценарио кое СДСМ веќе го разобличи. ‘Избори, а потоа мигранти, зад што се крие обид за бегство од одговорноста за криминалот и корупцијата’.

„Ова е единствената причина за којашто Македонија се држи изолирана и надвор од ЕУ.
Подадената рака ја прифати ЗНАМ. Нив ги купивте. Затоа и постои тендер коалицијата. „Консензус“ на овој начин не можеме да правиме од две причини: прво, ние не сакаме да ја изолираме Македонија; и второ, не сме на иста страна на законот. Нема подавање рака на криминалци, на криминалците им се знае местото“,велат од СДСМ. .

Зачлени се на нашиот е-билтен