СДСМ: ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски?

Малку им се тендерите во Пошта вредни 1,2 милиони евра за нивниот советник од Кисела Вода. Им треба уште, велат од СДСМ

СДСМ вечерва на социјалните мрежи објави нов статус за Јован Деспотовски во кој се вели:

Сателит-партијата на ВМРО експресно се јавува да го брани шефот Мицкоски.

По предавството на Македонија со потпишување и изгласување на Резолуцијата што личеше на Хитлеров Декрет, сега имаат уште една задача, да ја укинат последната линија на одбрана на демократијата, техничката влада. Само за уште неколку тендери.

Малку им се тендерите во Пошта вредни 1,2 милиони евра за нивниот советник од Кисела Вода. Им треба уште.

Затоа партнерот на тендерската коалиција, ЗНАМ, најавува историски трансфер – во тендер-лигата.

Квислингот Деспотовски ли им се приклучува на останатите предавници?

Очигледно, и нему треба да му се намести некој тендер, да му се плати координираното делување со Геро.

Идеално е сите да се соберат на едно место, за Обвинителството подоцна да нема потреба да ги брка поединечно.

Како што рековме – време е житото да се одвои од плевелот.

Но не само во СДСМ, туку на целата политичка сцена во Македонија.

На крај, сите ќе одговарате!

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?