МНР ги повика македонските граѓани да го напуштат Иран

Министрстовото за надворешни работи апелира до македонските граѓани кои се наоѓаат во Иран, да ја напуштат државата во прва можна и безбедна прилика, поради влошената безбедносна состојба.

Оттаму, додаваат дека се препорачува и одложување на сите патувања кон Иран кои не се неопходни.

„Министерството за надворешни работи и надворешна трговија стои на располагање за асистенција преку 24-часовниот СОС дежурен телефон +389 75 268 736, електронската адреса globalsos@mfa.gov.mk, како и преку дежурниот телефон на ДКП на Република Северна Македонија во Анкара: +90 539 456 97 10“ стои во соопштението од МНР.

Зачлени се на нашиот е-билтен