СДСМ: Мицкоски да го повика Жан Митрев да оди во Обвинителство

СДСМ

По изнесените лаги на Алфа ТВ, СДСМ и претседателот Филипче први го повикавме Жан Митрев да оди во Обвинителството и да поднесе пријава, ако смее. Не го направи тоа затоа што лаже. Знае дека ќе одговара кривично.

Ова се наведува во соопштението на СДСМ, кое понатаму го птренесуваме во целост:

Нема потреба ВМРО да прави медиумска хајка бидејќи сценариото на оваа црна камапања и јавен линч на претседателот Филипче им го разоткивме целосно. Сега ќе одговараат и нарачателите и извршителите. 

Со оглед на тоа дека Мицкоски поставува луѓе во судовите и обвинителството, нека ги повика директно, ги има нивните броеви, не мора преку медиуми, како овие негови сателити и извршители, туку директно тој. 

Нека го викнат Жан Митрев да оди во обвидинителството.

Зачлени се на нашиот е-билтен