Австрија ја казни опуштената Србија на ЕП

По победата над Германија, Србите се опуштија и скапо платија – сега зависат од дуелот Шпанија–Германија

Австрија приреди големо изненадување на Европското ракометно првенство, совладувајќи ја Србија со 26-25 и целосно ја искомпликува борбата за првите две позиции во групата А. По триумфот над Германија, српската репрезентација прерано се опушти и настапи како веќе да има обезбедено пласман во следната фаза.

Таквиот пристап скапо ги чинеше „орлите“, бидејќи Австрија покажа дека поседува сериозен квалитет и дека не смее да биде потценета. Австријците одиграа мотивирано, не само за себе туку и во корист на своите соседи, со што дополнително ја вжештија групата.

Сега судбината на Србија не е во нивни раце. За пласман понатаму им е потребна победа на Шпанија против Германија. Доколку Германците освојат барем еден бод во вечерашниот дуел, тие ќе обезбедат место во следната фаза, а Србија ќе го заврши настапот на првенството.

Зачлени се на нашиот е-билтен