Конечно стигнаа информациите за службените патувања на Љутков

Љутков

Конечно. По 3 месеци, службата за пристап до информации од јавен карактер на Министерството за култура и туризам ги достави податоците за служебните патувања на министерот Зоран Љутков од денот на преземањето на должноста до 31 октомври, кога по прв пат побаравеме информации за ова прашање.

Не интересираше бројот на службените патувања на министерот за култура и туризам; Во кои земји и на кои настани биле организирани тие патувања; Колку дена траело секое патување и за кои од нив трошоците биле на товар на министерството, односно на владините служби, а за кои од нив трошоците биле покриени од домаќините на настаните, ако имало такви.

Конечно, вчера, откако по редовен пат немаше одговор на овие прашања, службата за пристап до информации од јавен карактер на Министерството за култура и туризам ни ги достави информациите во табела, придружено со решение потпишано од самиот министер Љутков.

Не е јасно зошто целата оваа постапка мораше да оди на овој начин, уште повеќе што и во самото решение пишува дека информациите што ги баравме не се од доверлив карактер, ниту се од ограничен пристап.

Но, добро, очигледно е дека треба да се биде упорен, иако нема причини за тоа.

Според овие податоци, во периодот од 1 јули 2024 до 31 октомври 2025 година, министерот за култура бил 70 дена службено во странство. Најдолги престои му биле во Осака, јапонија, 10 дена, и во Њујорк, во посета на Македонскиот културно информативен центар, каде што останал 9,5 дена.

Интересно е што ако за неговиот престој на ЕКСПО во Осака, Јапонија, има информација на веб страницата на министерството, за тоа зошто бил и кои биле активностите на Зоран Љутков во Њујорк, во Македонскиот КИЦ, нема ниту една информација. Нема информација ниту на интернет.

Тое не поттикна да испратиме дополнителен мејл до Министерството за култура и туризам со следната содржина:

Ве молиме да ни дадете информација за посетата на министерот Љутков на Македонскиот КИЦ во Њујорк од 20 до 29 септември 2025 година:

– Зошто била организирана посетата?

– Кои биле активностите на министерот во туе 9 дена?

– Дали и со кого имал средби за време на престојот во Њујорк?

Зачлени се на нашиот е-билтен