Зајкова: Со новиот Кривичен законик целосно се амнестираат министрите и директорите по принципот „правда по мерка на помоќниот”

ЛДП

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, во објава на социјалните мрежи го коментираше донесувањето на новиот Кривичен законик.

„Со новиот Кривичен законик кој си го изгласаа т.н. големи партии, кривичните дела на функционерите повторно ќе си застаруваат како до сега, а министрите и директорите целосно се амнестираат од несовесно работење — правда по мерка на помоќниот”, пишува Зајкова во својата објава.

Зачлени се на нашиот е-билтен