Бројот на жртви во пожарот во кран-монтана порасна на 41

Бројот на жртви во пожарот во кран-монтана порасна на 41 на 1 февруари 2026 година, откако 18-годишен Швајцарец, кој се лекувал во болница во Цирих, им подлегнал на повредите здобиени во барот „Констелацион“ за време на новогодишната прослава, соопшти обвинителството на швајцарскиот кантон Вале.

Пожарот избувна во новогодишната ноќ во швајцарското скијалиште Кран-Монтана и за кратко време прерасна во трагедија со голем број жртви и повредени. Според информациите што ги пренесуваат медиумите, и натаму во болници се лекуваат повеќе десетици лица, од кои дел со тешки повреди, не само во Швајцарија туку и во Франција, Германија, Италија и Белгија.

Меѓу загинатите, на возраст од 14 до 39 години, најголем дел се швајцарски државјани, а има и странски државјани. Во извештаите се наведува и дека меѓу повредените има државјани на Србија, што случајот дополнително го прави предмет на интерес и надвор од Швајцарија.

Истрагата, според првичните наоди што ги наведуваат надлежните, се движи во насока дека пожарот бил предизвикан од искри од таканаречен огномет кои дошле во контакт со пена поставена на таванот во подрумскиот дел на објектот. Во тој контекст, вниманието е насочено кон тоа каков материјал бил користен, дали имало и дали биле достапни противпожарни апарати, како и дали излезните патеки биле во согласност со прописите.

Под истрага се и сопствениците на локалот, француски брачен пар, за дела што во јавноста се опишуваат како убиство од небрежност, нанесување телесни повреди од небрежност и предизвикување пожар од небрежност. Во меѓувреме, во фокусот на постапката, според медиумските објави, се нашле и локални службени лица задолжени за безбедност, поради наводи дека со години не биле спроведувани задолжителни годишни контроли за безбедност и противпожарна заштита.

Зачлени се на нашиот е-билтен