Евакуиран црногорскиот Парламент поради дојава за бомба

Зградата на Парламентот на Црна Гора утрово е евакуирана поради дојава дека во институцијата е поставена бомба.

Претставници на полициската управа за „Вијести“ информирале дека дојавата била примена кусо пред осум часот, пренесе МИА.

Припадници на полициската управа преземаат мерки и дејствија што се во нивна надлежност и се работи на проверка на информациите, велат од полицијата во Подгорица.

Претставници на Министерството за образование за „Вијести“ неофицијално изјавиле дека дојави за бомби добиле и неколку училишта во Подгорица, како и едно средно училиште во Никшиќ.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?