Канал 103 со активности за прослава на 35 години од своето постоење

Стотројка

Популарната Стотројка, радиото Канал 103, започнува со активностите за прослава на 35 години од своето постоење. Јубилејната година ќе биде одбележана со настани во и вон радиото, кои ја нагласуваат улогата на Стотројка како радио дом на заедницата, јавен простор за современа музика, слободна мисла и независна културна продукција.

Првиот настан насловен, „Стотројка: Нова пролет“, ќе се одржи на 21 февруари 2026 година во Котур, со почеток во 20 часот.

Програма:

BNELETI (ბნელეთი)

Bneleti (ბნელეთი) – „Земја на темнината“ на архаичен грузиски јазик – е соло проект на Ben Wheeler, американски музичар, композитор и етномузиколог со адреса во Тбилиси, Грузија. Неговата работа е фокусирана на фолклорната традиција на Кавказот, со посебен интерес за загрозени јазици и речиси исчезнати инструменти.

Настапувајќи со електрична гитара, азербејџански саз и модуларен синтисајзер, Bneleti ги поврзува грузиската полифонија и азерската гитарска традиција со dark ambient, drone, експериментална електроника и суптилни примеси на black metal. Неговиот деби албум под името Bneletiизлезе неодамна за Inverted Spectrum Records.

МЕΔΑΡСКИ

Електроника во живо и органско техно.
Среќни инциденти и неочекувани откритија.
Минимални жлебови за максимално забегување.

Дарко Медарски во изминатите неколку години интензивно истражува и работи на полето на современата електронската музика.

Медарски – Фотографија на Јелена Белиќ

ЅЕНЅ

Вечерта ќе ја заокружи Тео Симоновски од Стотројка, со ди-џеј сет за танц во длабокото.

Дизајн на плакат: Кристијан Новковски

Зачлени се на нашиот е-билтен