Повеќе од 100 новороденчиња во најмалку 7 европски земји страдале од гастроинтестинални симптоми во последните два месеци. Сите бебиња примени во болниците сега се отпуштени, објавија министерствата за здравство во земјите. Тие додадоа дека неколку серии адаптирано млеко што го содржи токсинот цереулид се повлечени од локалните пазара.
Земји со најмногу испитани случаи се Франција, со 11 хоспитализации и два смртни случаи, и Обединетото Кралство, со 44 деца кои покажале симптоми на труење. Три бебиња во Шпанија се хоспитализирани откако консумирале адаптирано млеко што го содржи токсинот. Просечната возраст на засегнатите новороденчиња била четири месеци.
Во исто време, Европскиот центар за превенција и контрола на болести посочи дека „труењето со цереулид обично се манифестира со релативно благи симптоми“, иако „новороденчињата и доенчињата под шест месеци имаат поголема веројатност да развијат потешки симптоми, како и да се поподложни на дехидрација“.
Европските власти забележаа дека „како резултат на брзото повлекување на производот, моменталната веројатност за поширока изложеност се смета за ниска“ кај бебињата во Европа.
Извештајот на центарот вклучува вкупно повеќе од 100 случаи во седум европски земји, со околу 40-тина хоспитализации, иако не сите влади ја пријавиле состојбата на засегнатите бебиња.