На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска (во 14.00 часот) ќе се одржи јавна дебата за новиот предлог Закон за високо образование. Од досегашните реакции на поголем дел од професорите на скопскиот државен универзитет, министеркат Весна Јаневска ќе се соочи со жестоки критики.
Професорката Маја Стевановиќ, која е претседателка на Независниот академски синдикат истакнува дека новиот закон создава неправедни одредби кои ја фаворизираат финансиската способност над академските заслуги.
„Некој сака да направи чистка меѓу асистентите и вработените за да ослободи место за некој друг. Тоа е моето чувство. Апсолутно неправедна одредба. За едните да важи одложување, а за најринливите да не важи одложување,“ објаснува Стевановиќ.
Таа дополнува дека барањата за објавување трудови во Web of Science, којшто се фаворизира со новите предлог законски измени, создаваат финансиски бариери: „Објавување на труд и уредување чини од 2 до 3 илјади евра.“
Стевановиќ посочива дека тоа тоа значи дека тој што има пари може да стане професор, а оној што нема, ќе треба својата кариера да ја бара на друго место. Тое е апсурд и Стевановиќ, за ваквите одредби, вели дека можат да ја нарушат академската автономија и да ги фаворизираат само оние со финансиски средства, наместо да ја вреднуваат реалната научна работа.
Универзитетскиот професор Ненад Марковиќ истакнува дека, иако намерите се за модернизирано и квалитетено високо образование, постои реална опасност од негативни последици за младите академици.
„Ние ќе останеме без подмладок во некои дисциплини. Зошто некој млад човек, кога ќе види дека критериумите за унапредување во доцент, вонреден или редовен професор траат неколку години, не би побарал кариера во некој престижен европски факултет со пониски критериуми и подобри услови?“ објаснува Марковиќ.
И тој реагира на Web of Science и предупредува дека за некои дисциплини, како општествените науки и дел од хуманистичките, барањата за објавување трудови на оваа платфрома се нереални: „Ако тоа е реално во математика, географија или хемија, во политички науки и право апсолутно нереално. Законот е измислен да поттикнува brain drain.“
Марковиќ потенцира дека ваквите услови само ќе ги оддалечат младите од државата кои првично би си го поставиле прашањето – „Зошто млад човек би останакл тука и да се бави со наука?“
Очигледна е отворената конфронтација меѓу Министерството за образование и академската заедница. Наместо приближување на ставовите по низата критики од професори, студенти и опозициски партии, министерката Весна Јаневска јасно порача – повлекување нема да има.
„Нема да го повлечеме Законот за високо образование“, изјави Јаневска, одговарајќи на барањата текстот да се врати на доработка поради сериозните забелешки за автономијата и централизацијата.