Според последните податоци од ЦЕМИ, врз основа на обработка на податоци од 99,9% од избирачките места излезноста во Црна Гора изнесува 56,2%.
Движењето за Европа има 24 пратеници, коалицијата „Заедно“ собрана околу ДПС има 21, а листата за иднината на Црна Гора има 13 мандати во црногорскиот парламент.
Коалицијата Храбро се брои (Демократи и ГП УРА) има 11 пратеници, Бошњачката партија во моментов има шест пратеници, СНП и Демос три пратеници. Според оваа проекција, во парламентот влегуваат Албанскиот форум со двајца, Албанската алијанса и ХГИ со по еден пратеник.
Под изборниот праг, сега се Правда за сите, СДП, Упрокрет, Народна коалиција, Движење за промени и Ние можеме. Со оглед на тоа што ПЕС, ДПС, ЗБЦГ и коалицијата на демократите и УРА рекоа дека без нив нема формирање стабилна реформска влада и бидејќи ПЕС изјави дека нема да формира влада со ГП УРА, аналитичарите оценуваат дека идната влада на Црна Гора нема да биде ниту стабилна, ниту долготрајна, пренесува 24sedam.rs.
Иако изборите поминаа релативно мирно, според извештаите на ЦЕМИ имало случаи на сликање на гласачко ливче, изнесување на гласачко ливче надвор од избирачкото место, телефонско и смс контактирање на граѓаните да излезат на гласање од политичките партии, двајца гласачи зад параванот за гласање, како и промена на избирачките места за кои граѓаните не биле известени.
Забележано беше и нефункционирањето на веб страницата на Државната изборна комисија на Црна Гора.
Очекувањата на Европа сега и лидерот Милојко Спајиќ е дека ќе се формира Влада. На прашањето со кого ќе формираат влада, Спајиќ рече дека јасно кажал со кого нема да коалицира – со Демократската партија на социјалистите и Граѓанското движење УРА.
Движењето Европа сега е политичка партија создадена од првата влада формирана по парламентарните избори во август 2020 година, а нејзини лидери се поранешни министри во владата на поранешниот премиер Здравко Кривокапиќ, Милојко Спајиќ и Јаков Милатовиќ. Таа влада е формирана под силно влијание на Српската православна црква.
Предвремените парламентарни избори во Црна Гора ги следеа околу две илјади домашни и странски набљудувачи кои не забележаа нерегуларности кои би можеле да влијаат на изборниот резултат.
На изборите учествуваа 15 партии и коалиции. Црногорскиот парламент има 81 место.
Политичките аналитичари ги повикуваат партиските лидери да ги остават на страна партиските интереси и меѓусебните конфликти и што поскоро да формираат влада за доброто на граѓаните на Црна Гора.