Столе Димитриевски најборбен на теренот, спречи поголем дебакл

Столе

Македонската фудбалска репрезентација вчера беше поразем со 4:0 од Данска во бараж натпреварот на пласман на Светското фудбалско првенство.

Светла точка на натпреварот беше нашиот голман Столе Димитриевски, кој се покажа како најборбен на теренот и спречи и поголем дебакл во натпреварот со Данска.

Во првиот дел Македонија главно се бранеше, додека домаќините доминираа. Сепак, благодарение на неколку сигурни интервенции на Столе Димитриевски, првото полувреме заврши без голови.

Сликата се промени по одморот. Данска поведе четири минути по стартот на второто полувреме, а набргу потоа следеше и втор гол кога Исаксен прецизно реализираше за 2:0.

Истиот играч уште еднаш се запиша во листата на стрелци и ја зголеми предноста на 3:0, а конечните 4:0 беа поставени кога Норгард  ја испрати топката во голот зад грбот на Димитриевски.

Со овој убедлив пораз, ги загубивме шансите за пласман на Светското првенство. Следниот натпревар против Република Ирска ќе биде без резултатско значење, но ќе претставува можност за поправка на впечатокот.

Зачлени се на нашиот е-билтен