Доаѓа Саемот на книгата, вистинското место љубов со печатените дела

книгата

Живееме во време кога телефоните, таблетите и компјутерите ни нудат информации за секунда.  Но, иако денес се е достапно на екрани, луѓето сепак избираат печатена книга! Причината е едноставна, печатената книга има сила што ниедна дигитална замена не може да ни ја даде.               

Истражувањата покажуваат дека читањето од хартија го подобрува помнењето и концентрацијата. Кога држиме книга во раце, мозокот полесно ги поврзува информациите, бидејќи сме повеќе фокусирани. Додека на екран секогаш постои искушение да скролнеме, да добиеме повик или да отвориме друга апликација. Со книга тоа не постои, таа бара целосно внимание и токму затоа содржината подолго останува во нашето сеќавање.

Книгите се и дел од нашето секојдневие. Ја носиме во автобус, ја отвараме навечер пред спиење, ја позајмуваме на пријател. Многумина имаат чувство дека книгите што ги читале во одреден период од животот им оставиле белег. На пример, ги потсетуваат на првата љубов од средно или на омилената клупа во паркот каде седеле секој ден. Тоа е лична врска што не може да ја замени ниедна дигитална веризија.

Токму затоа оваа година имаме вистинска можност да ја почуствуваме оваа вредност на Саемот на книга кој ќе се одржи од 23 до 29 априлво Скопје во Арената Борис Трајковски под мотото „Отворипрозорецкон нови светови“.

Емилија Златкова Анастасова од издавачка куќа Збор, изјави дека„Саемот на книга за нас не е само продажен настан, туку вистинска средба со читателите – место каде што книгите добиваат своја душа, а авторите ги запознаваат своите читатели. Ние, како издавачка куќа Збор, веруваме дека секоја книга го наоѓа својот читател најмногу тука. Оваа година очекуваме уште поголем интерес, нови читатели и искрени разговори што ќе нè потсетат зошто го работиме ова – поради љубовта кон книгата.“

Одлична прилика за сите љубители на книгите, но и за оние кои се уште не ја пронашле својата приказна. На саемот ќе можеме да разгледуваме голем избор на нови и познати наслови, да откриеме интересни автори и да си заминеме со книга што ќе ни остане долго во сеќавање. Покрај тоа ќе има и средби со автори, промоции и настани што го прават целото искуство посебно. Според Дејан Трајкоски, од Издавачката куќа Прозарт „Отворена книга е секогаш чекор напред. Од Саемот на книга, како најголема манифестација од овој вид кај нас, очекуваме да донесе зголемен интерес за книгата, особено кај младите читатели“. 

Ја контактиравме и Тијана Милиќ од издавачката куќа „АНТОЛОГ“ која ни истакна декасаемот на книга е збир на најдоброто што се случува во светот на литературата – автори, настани, книги од сите жанрови и нивните љубители. Од средби со омилените писатели, преку поддршка на домашната литература и славење на македонскиот јазик, до откривање на нови наслови и препораки за омилените книги, посетителите имаат прилика да излезат од своето секојдневие и комплетно да ѝ се посветат на литературата. Одамна се покажа дека љубовта кон книгите не е само хоби, туку е дел од животниот стил на една личност, а саемот е одлична можност во чии рамки таа љубов може да се негува и расте.

Се очекуваат дружби со автори и верни читатели, возбудливи новитети и саемски изненадувања, како и многу книжевни разговори.

Зачлени се на нашиот е-билтен