Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во бродската катастрофа во Грција загинаа најмалку 79 мигранти, а стотици се водат како исчезнати

Најмалку 79 мигранти загинаа, а повеќе од 100 се спасени откако нивниот рибарски брод потона крај јужна Грција.

Но, преживеаните сугерираат дека на бродот можеби имало околу 750 луѓе, од кои 100 деца во складиштето. Грција вели дека тоа е една од најголемите мигрантски трагедии досега и прогласи тридневна жалост.

Властите велат дека нивните понуди за помош биле одбиени, но тие се соочуваат и со обвинувања дека не направиле доволно за да помогнат.

Според грчката крајбрежна стража, бродот потонал на околу 80 километри југозападно од Пилос околу 02:04 часот вчера изутрина.

Граничната агенција на ЕУ Фронтекс соопшти дека го забележала бродот во вторникот попладне и веднаш им кажала на грчките и италијанските власти. Крајбрежната стража подоцна изјави дека никој на бродот не носел елеци за спасување. Првичниот контакт со рибарскиот брод бил остварен во 14:00 часот но од бродот на стигнало барање за помош. Грчкото Министерство за поморство тврди дека имало повеќекратни контакти со бродот но оттаму добивало одговор дека бродот сака да плови кон Италија. Брод под знаме на Малта обезбедил храна и вода за мигрантите околу 18:00 часот, а друг брод обезбедил вода три часа потоа, се додава.

Потоа, околу 01:40 часот во средата наутро, бродот ја известил грчката крајбрежна стража дека моторот на бродот не функционирал. Набргу потоа, бродот се превртел, а биле потребни само десет до петнаесет минути целосно да потоне. Операцијата за пребарување и спасување беше активирана, но била усложнета од силните ветрови.

Аларм Телефон – телефонска линија за итна помош за мигрантите во неволја на море, обвини дека крајбрежната стража со часови „знаела дека бродот е во неволја пред да биде испратена каква било помош“, додавајќи дека властите „од различни извори биле информирани“ дека бродот бил во неволја.

Се претпосавува дека мигрантите можеби биле исплашени да се сретнат со грчките власти затоа што биле свесни за „ужасните и систематски практики на враќање назад“.

Жером Тубијана од Лекари без граници изјави за француското радио дека европските и грчките власти требало порано да интервенираат. „Навистина е шокантно да се слушне дека Фронтекс го прелета бродот и никој не интервенираше бидејќи бродот ги одби сите понуди за помош… преоптоварен брод е брод во неволја“, рече тој.

Се претпоставува дека чамецот одел од Либија за Италија, а се верува дека повеќето од лицата се мажи на возраст од 20 години.

Преживеаните зборуваа за околу 500 до 750 луѓе на бродот, а регионалниот здравствен директор Јанис Карвелис го опиша настанот како невидена трагедија: „Бројот на луѓето на бродот беше многу поголем од капацитетот што треба да се дозволи за овој брод“, рече тој.

Еден преживеан му рекол на болничкиот лекар во Каламата дека видел 100 деца во чуварот.

Шефот на крајбрежната стража Николаос Алексиу изјави на телевизија дека чамецот потонал во еден од најдлабоките делови на Медитеранот.

Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу посети некои од спасените и изрази жалење за оние што се удавија.

Секоја година, стотици луѓе умираат обидувајќи се да го преминат Медитеранот. Во февруари, брод со мигранти се преврте во близина на Кутро, во регионот на Калабрија во јужна Италија, при што загинаа најмалку 94 луѓе – еден од најсмртоносните регистрирани инциденти.

Грција е една од главните рути кон Европската унија за бегалци и мигранти од Блискиот Исток, Азија и Африка.

Минатиот месец грчката влада беше под меѓународна критика поради видео снимка која покажува насилно протерување на мигрантите кои биле отфрлени во морето.

Според податоците на ОН, повеќе од 70.000 бегалци и мигранти пристигнале во земјите на првата линија на Европа оваа година, а мнозинството слетале во Италија.

извор: Би-Би-Си

Зачлени се на нашиот е-билтен