Државниот секретар на американската морнарица Џон Фелан е разрешен од таа позиција, објави денес портпаролот на Пентагон Шон Парнел.
Претставник на Белата куќа изјави за Си-Би-Ес њуз дека американскиот претседател Доналд Трамп и министерот за одбрана Пит Хегсет се согласиле за потребата од ново раководство на морнарицата и дека Хегсет го информирал Фелан за одлуката пред таа да биде објавена.
Парнел рече дека новиот вршител на должноста цивилен лидер на морнарицата ќе биде потсекретарот на морнарицата Ханг Цао.
Цао е ветеран од морнарицата кој се кандидираше за Сенат во 2024 година како кандидат на Републиканската партија во Вирџинија, каде што загуби од демократскиот сенатор Тим Кејн.
Фелан е најновиот висок функционер кој ја напушти федералната влада во последните месеци.
На почетокот на април, Хегсет побара од началникот на Генералштабот на армијата, генерал Ренди Џорџ, да поднесе оставка, а офицерите на армијата кои ја водат Командата за транспорт и обука и Капеланскиот корпус беа отстранети од своите позиции.
Шефот на Јужната команда на американската војска, морнаричкиот адмирал Алвин Халси, исто така се пензионираше кон крајот на минатата година.
За време на мандатот на Фелан, морнарицата учествуваше во американските воени напади врз бродови за дрога во близина на Латинска Америка и во запленување на танкери за нафта поврзани со Венецуела.