Нов случај на врсничко насилство: Тепано и снимано 13 годишно момче во Аеродром

МЗТ Скопје

Нов случај на малолетничко насилство е регистриран во Скопје, овој пат во општина Аеродром.

Како што соопшти МВР, вчера во 13:00 часот во СВР Скопје, В.Н.(54) од Скопје пријави дека неговиот 13-годишен син, додека бил со петмина свои другари, на 25.04.2026 околу 21:00 часот на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од поголема група малолетници, при што бил употребен и тврд предмет, а еден од напаѓачите настанот го снимал со мобилен телефон.

Исто така, другар на нападнатиот малолетник, пријавил дека напаѓачите се обиделе и него да го нападнат, при што еден од нив извадил и нож.

Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Зачлени се на нашиот е-билтен