Мицкоски денеска јавно ја брани и ја рехабилитира криминалната акција од 27 април 2017 година, нарекувајќи ја „политички монтиран случај” и тврдејќи дека „невини луѓе биле прогласени за терористи”, реагираат од СДСМ.
Од СДСМ велат дека „ова е срамна и опасна ревизија на фактите и на најцрниот настан за демократијата во поновата историја на Македонија“.
„27 април беше организиран обид за државен удар во режија на ВМРО и Никола Груевски.
Насилници со јасна намера влегоа во Собранието, да убиваат пратеници, да повредуваат новинари и вработени и да го урнат уставниот поредок.
Тие беа осудени врз основа на докази, а не на „политички налог”.
Сега Мицкоски сака да ги претстави како жртви и да ја рехабилитира насилната банда која го нападна Собранието, пратениците, новинарите, вработените.
Истата криминална структура која го организираше крвавиот 27 април денес повторно е на власт и повторно се обидува да ја контролира државата, судството и медиумите. Мицкоски не само што не го осудува насилното минато на својата партија, туку активно се обидува да ја избрише и да ја претстави како „политички случај”.
СДСМ јасно и недвосмислено порачува: 27 април не е политички случај. Тоа е напад врз демократијата. Ние нема да дозволиме да се рехабилитираат насилниците. Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста“ се наведува во соопштението од СДСМ.