Денеска со часови гореше пожар во отпад во близина на Шуто Оризари.
Од запалените автомобили и машини над пожарот се извиваше црн густ чад кој се гледаше од повеќе локации низ Скопје.
Како што информираа надлежните, пријавата за пожарот е добиена во 12.03 часот по што екипи на Бригадата за противпожарна заштита се упатила на лице место и пожарот бил локализиран.
Паралелно, на терен се и инспекторите на Град Скопје, а за случајот се информирани Министерството за внатрешни работи, Државниот инспекторат за животна средина, како и Јавното обвинителство.
Од Град Скопје апелираа до граѓаните за смиреност, внимателност и почитување на насоките на надлежните служби.