Неверојатна врска: пингвин секоја година плива илјадници километри за да го посети човекот што му го спасил животот

Приказната за необичното пријателство меѓу еден пингвин и човекот што го спасил стана светски симбол на доверба и поврзаност меѓу луѓето и животните, а научниците со години со восхит го следат ова несекојдневно однесување.

Сè започнало кога бразилски рибар пронашол мал пингвин покриен со нафта и во многу лоша состојба на плажа во Бразил. Тој го згрижил, го хранел и со недели се грижел за него додека целосно не закрепнал, по што пингвинот бил вратен во природата.

Но приказната тука не завршила.

Според сведочењата и научните набљудувања, пингвинот секоја година повторно се враќал кај човекот што му помогнал, препливувајќи илјадници километри низ океанот за повторно да го посети својот спасител.

Научниците велат дека ваквото однесување е исклучително ретко кај дивите животни и претставува фасцинантен пример за препознавање, меморија и создавање емоционална врска.

Експертите објаснуваат дека пингвините имаат развиена способност за ориентација и препознавање, но фактот што животното со години се враќа на истото место и кај истиот човек и понатаму ги изненадува истражувачите.

Фотографиите и снимките од нивната средба со години предизвикуваат силни реакции ширум светот, а многумина оваа приказна ја опишуваат како доказ дека животните паметат добрина и грижа.

Најчитано