Железничкиот сообраќај во Источна Фландрија во Белгија бил привремено запрен откако по шините бил забележан валаби – торбар животно слично на кенгур, што предизвикало интервенција на службите и безбедносни мерки на пругата.
Според локалните железнички власти, сообраќајот бил во прекин околу еден час додека екипите се обидувале безбедно да го отстранат животното од шините и да ја осигураат трасата за нормално движење на возовите.
Инцидентот предизвикал кратки доцнења на повеќе линии, но ситуацијата брзо била ставена под контрола и сообраќајот подоцна бил нормализиран.
Валабиите се животни потекнуваат од Австралија и Нов Зеланд и вообичаено не се среќаваат во дивина во Европа, па засега не е познато како животното се нашло на таа локација.
Слични случаи во минатото во Европа предизвикувале изненадување и привремени прекини во сообраќајот, кога егзотични или домашни животни завршувале на железнички линии или автопати.
