Донесена одлука: 3.000 денари месечно за млади до 23 години, продолжена мерката за вработени во производство

Државата ја продолжува мерката „младински додаток“, според која млади вработени лица до 23 години ќе добиваат по 3.000 денари месечно како финансиска поддршка, со цел да се поттикне вработувањето во производствениот сектор.

Мерката се однесува на млади лица кои се веќе вработени или ќе засноваат работен однос во компании од производствена дејност, а услов е да имаат завршено најмалку средно образование.

Според надлежните институции, целта е двојна – зголемување на интересот за стручни и производствени занимања и подобрување на стандардот на младите кои рано влегуваат на пазарот на труд.

Од Владата посочуваат дека мерката веќе опфаќа илјадници млади годишно и дека ќе продолжи и во наредниот период како дел од пошироките политики за задржување на младите во земјата и намалување на недостигот од работна сила во индустријата.

Најчитано