Градежниот факултет ќе проценува дали свлечиштето во Центар ги загрозува околните згради

Градежниот факултет ќе направи стручен увид на штетата од свлечиштето што се случи на градилиште во скопски Центар, за да се утврди дали постои опасност за околните згради и јавната инфраструктура.

Инцидентот се случи на 25 мај, околу 13:30 часот, на улицата „Христо Смирненски“, при ископ на градежна јама за нов објект. Според информациите од МВР, при изведување градежни работи со багер дошло до свлекување на земјиштето, при што работната машина била затрупана. Возачот успеал навреме да излезе и не бил повреден.

Од свлечиштето биле оштетени делови од тротоарот и коловозот, уличното осветлување и канализациската мрежа. При инцидентот паднала и бандера врз паркирано возило. За настанот биле известени Центарот за управување со кризи, ЕВН и надлежните служби.

Деканот на Градежниот факултет, Јосиф Јосифовски, по консултација со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави дека факултетот ќе изврши увид и ќе даде стручна проценка за состојбата на терен. Проценката треба да покаже дали свлечиштето може да има последици врз стабилноста на околните објекти и кои мерки треба да се преземат.

Од Општина Центар соопштија дека инвеститорот е казнет и задолжен итно да го обезбеди просторот, да преземе мерки за заштита и санација и да ја врати оштетената инфраструктура во првобитна состојба.

Жителите од околината бараат институциите да утврдат дали зградите во близина се безбедни. Дел од нив предупредуваат дека штетата можела да биде поголема доколку во моментот на свлечиштето на тротоарот или улицата имало пешаци.Градежниот факултет ќе направи стручен увид на штетата од свлечиштето што се случи на градилиште во скопски Центар, за да се утврди дали постои опасност за околните згради и јавната инфраструктура.

Инцидентот се случи на 25 мај, околу 13:30 часот, на улицата „Христо Смирненски“, при ископ на градежна јама за нов објект. Според информациите од МВР, при изведување градежни работи со багер дошло до свлекување на земјиштето, при што работната машина била затрупана. Возачот успеал навреме да излезе и не бил повреден.

Од свлечиштето биле оштетени делови од тротоарот и коловозот, уличното осветлување и канализациската мрежа. При инцидентот паднала и бандера врз паркирано возило. За настанот биле известени Центарот за управување со кризи, ЕВН и надлежните служби.

Деканот на Градежниот факултет, Јосиф Јосифовски, по консултација со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави дека факултетот ќе изврши увид и ќе даде стручна проценка за состојбата на терен. Проценката треба да покаже дали свлечиштето може да има последици врз стабилноста на околните објекти и кои мерки треба да се преземат.

Од Општина Центар соопштија дека инвеститорот е казнет и задолжен итно да го обезбеди просторот, да преземе мерки за заштита и санација и да ја врати оштетената инфраструктура во првобитна состојба.

Жителите од околината бараат институциите да утврдат дали зградите во близина се безбедни. Дел од нив предупредуваат дека штетата можела да биде поголема доколку во моментот на свлечиштето на тротоарот или улицата имало пешаци.

Најчитано