Хрватската полиција добила пријава за пад на мал авион во областа Медулин во 11:25 часот.
„На 4 јуни во 11:18 часот, примена е пријава за пад на мал авион во областа Кампанож (во близина на аеродромот Медулин). Пријавата е потврдена, сите служби за итни случаи (полиција, брза помош и пожарникари) се на местото на настанот и преземаат мерки и дејствија во рамките на нивната надлежност“, соопшти полицијата.
Четири лица загинаа. Според неофицијални информации, станува збор за странски државјани.
Според информациите од „Флајтрадар“, авионот што се урнал бил „Бич Г36 Бонанза“ а полетал од Австрија.
