Две лица загинале а едно било тешко повредено во тешка сообраќајка на новиот експресен пат Прилеп – Градско пред клучката за Кавадарци.
Според информациите, директно се судриле две возила. Во едното загинале две лица од машки и женски пол, а едно тешко повредено лице на 39 години од Прилеп од другото возило, било транспортирано во тешка здравствена состојба до Општа болница Кавадарци.
На терен веднаш пристигнале екипи на Брзата помош, полицијата и пожарникари кои го ваделе преживеаното тешко повредено лице од еден од автомобилите кое со Брза помош било пренесено на лекување.
Увидот на екипите на МВР се уште трае, а повеќе информации се очекуваат во текот на денот
